Осумтемина пратеници за три амандмани ќе гласаат “воздржано“

Одлика на почетокот на втората фаза за уставни измени согласно преспанскиот Договор е голем број реплики и контрареплики. Премиерот Заев уште еднаш повтори дека со компромисот македонскиот идентитет е зачуван, а доколку Грција не го ратификува Договорот уставните измени во земјава нема да важат. Опозицијата, пак, обвинува дека е направен капитулантски договор.
Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ истакна дека овојпат решиле да гласаат “воздржано“ за три од четирите нацрт-амандмани, затоа што процесот на уставните измени е поврзан со процесот на помирување. Исто така, тој додаде, дека сакаат да остават простор на експертската јавност да дебатира на јавната расправа која ќе се одржи по оваа втора фаза од уставните измени. Можеби, како што истакна тој, тие ќе понудат свои предлози кои ќе бидат прифатливи за сите пратеници.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.