Отворен парк за миленици во Ѓорче Петров

Во реонскиот парк во општина Ѓорче Петров се отвори нов парк за миленици со што им се излезе во пресрет на барањата на граѓаните за локација на која ќе имаат можност за рекреација на нивните домашни миленици.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски при денешната посета на паркот изјави дека можеби изгледа мала инвестиција, но Ѓорче Петров првпат добива ваков простор.

-Ова е барање од граѓаните кое постојано доаѓаше до мене во годините од кога сум јас градоначалник – информирашеНаумоски и најави поставување на уште неколку вакви паркови на повеќе локации во Ѓорче Петров.

Паркот е на површина од 17 со ширина од 6 метри, соодветно заграден, уреден со реквизити за милениците, клупи за седење и корпи за отпадоци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.