четврток, 12 ноември 2026
Најново

Павлова торта

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Предлог за десерт по рецептот на Мартина Трајаноска.
Потребни состојки:
4 белки од јајца
200 г шеќер
2 лажици сок од лимон
Слатка павлака, овошје
Начин на подготовка:
Изматете ги само белките од јајцата и матете ги со миксер. Трик за подобро да ви се изматат е прстофат сол. Откако ќе добиете пена додадете го целиот шеќер и повторно матете дури не добиете убава сјајна шампа. Додадете сок од лимон и може да додадете 2 лажици густин за да не се направат грутчиња.
Целата смеса префрлете ја на хартија за печење на плех во форма по избор. Печете ја во загреана рерна на 130 степени околу 1 час, па исклучете ја рерната и оставете ја тортата внатре најмалку 4 часа. Кога целосно ќе се излади, премачкајте ја со изматена слатка павлака и ставете овошје по избор.

Поврзани вести