Пазарската кеса од 600 долари

Во последните неколку сезони сведоци сме дека дизјнерите ги тестираат црвените линии на глупоста на купувачите. И досега ниту еднаш не се измамиле било да се работи за летни папучи со крзно или проѕрни фармерки.

Модната индустрија како да тестира колку може да биде царот гол во неговото ново руво. Пролетва тестовите се изведуваат со скапа дизајнерска торба која изгледа како обична ПВЦ кеса за на пазар, за која негодуваме и кога треба да дадеме 2 денари. Е оваа од два денари чини 600 долари, а е веќе распродадена. Селин ПВЦ торбата е хит на Инстаграм, блогерките нја носат во секоја пригода, па дури и на модни ревии и внимателно избираат со што ќе ја наполнат, зашто е проѕирна. Најчесто во неа носат непроѕирни помали торбички, плик-чанти, за да ги зашитат од дожд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.