Палчо добил голема сума пари од Швајцарија по убиството, киднаперите вежбале со денови

Првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо при бегството од Македонија, уште пред да почне официјалната истрага во Србија преку брз трансфер добил голема сума на пари од Швајцарија, открива КОД.

Со тие пари живеел неколку дена во Србија по што стасал во Баликесир каде еден од соучесниците имал бизнис партнер.

Според КОД, киднаперите имале добро утврден план и рута кои биле вежбани со денови пред нејзиното грабнување. Паркинг местото кадешто чекале било намерно избрано бидејќи било во мртов агол и тука не можеле да бидат фатени на камерите на „Сејф сити“.

Вања првично била однесена во подрумска просторија од која Палевски имал клуч и била негова. Таму и биле врзани рацете и нозете, по што била ставена во вреќа за спиење. Грабнувачите имале план грабнувањето да го реализираат порано, на 24 ноември- петок, меѓутоа се предомислиле бидејќи тој ден било многу раздвижено и прометно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.