Парени палачинки

Состојки
За тесто
1 чаша брашно
3 полни лажици дмБио какао
1/2 банана
1+1/2 чаша растително млеко
За полнење
150 гр ореви
2 кафени лажици дмБио какао
2 лажици шеќер
За одозгора
100 гр ореви
50 гр шеќер
500 мл растително млеко
чаша = 200 мл

Превкусни! Топло ви ги препорачувам.
Подготовка
Во длабок сад, ставете ги просеаното брашно и дмБио какаото и промешајте со лажица. Потоа, додадете го растителното млеко и ситно ренданата банана и матете со миксер за да добиете еднолична смеса.
– Палачинките печите ги во соодветно тавче, прво од едната страна, па од другата.
-Во сад измешајте ги ситно сецканите ореви, дмБио какаото и шеќерот. Од оваа смеса ставете на секоја палачинка и преклопите ја на двапати.
-Палачинките наредете ги во тава за печење.
– На секоја палачинка одозгора ставете сецкани ореви и шеќер, а потоа, посипете го растителното млеко врз палачинките.
– Печите во загреана рерна на 200 степени околу 10-12 минути.
Добар апетит
Забелешка
Во основната смеса може да се додаде лимонова кора или ванилин шеќер за поинтензивна арома

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.