Партиите со ребалансот не си ги скратија своите пари, се работи за скоро 5 милиони евра годишно

Партиите со ребалансот не си ги скратија своите пари, се работи за скоро 5 милиони евра годишно

Партиите само празни зборови кажуваат и „четки“ маваат на пресови околу нивното богами богато финансирање од народните пари, од вашите пари. Нема да се откажат ни денар, ни паричка. Затоа што со ребалансот што беше направен во нивните ставки не се чепна.

Партиите добиваат секоја година по околу 5 милиони евра државни пари и се чини како „стекнато право“ им е од кое за жива глава нема да се откажат.

Според Законот за финансирање на политичките партии, од државниот буџет партиите секоја година добиваат од 4,5 до 5 милиони евра, односно  0,15% од буџетот. Во годините кога има избори, партиите добиваат дополнителни буџетски средства за финансирање на изборните кампањи.

Значи, за еден мандат државата им исплаќа на партиите „за ништо“ околу 20.000.000 евра или 1.200.000.000 денари. Пресметајте сами што се се прави за овие пари, дали се во прашање школи, градинки, болници…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.