Партиски реакции по заканите упатени до новинарот Емил Ризаов

Партиите реагираат по објавата на ЗНМ за директни закани по животот на новинарот и колумнист Ерол Ризаов и бараат од Министерството за внатрешни работи и Обвинителството веднаш да постапат.
– Слободата на медиумите и слободата на изразување не се привилегија на новинарите, тие се основа на демократското општество и право на секој граѓанин. Ако дозволиме новинар да биде заплашуван затоа што напишал колумна или изразил став, утре истата закана може да биде упатена кон секој граѓанин кој јавно размислува поинаку, велат од Либерално-демократската партија.

ЛДП очекува надлежните институции, пред сè Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, сериозно и без одлагање да го истражат случајот, да ги обезбедат електронските докази и да го утврдат идентитетот на лицата кои стојат зад заканите. Доколку постојат елементи на кривично дело, очекуваат соодветна институционална реакција и процесуирање согласно законите.
Реагираше и СДСМ.
– Бараме итна и целосна реакција од МВР. Бараме идентификација на профилите што се закануваат со смрт.
Бараме Јавното обвинителство да постапи без одложување.
Слободата на говорот и безбедноста на новинарите се темелни права на секое слободно и демократско општество.  Не смееме да ја заборавиме деценијата на мрак под власта на ВМРО и Груевски. Денес, Мицкоски повторно се обидува да создаде атмосфера на страв, притисок и замолчување. Не смееме да дозволиме истото да се повтори. Оваа атмосфера на омраза ја создадоа тие. Тие треба да одговараат за последиците, велат од СДСМ.
The post Партиски реакции по заканите упатени до новинарот Емил Ризаов appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: