Песков: На украинските војници во Курск им истекува времето да го положат оружјето

На украинските војници во областа Курск во Русија им истекува времето да го положат оружјето, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведувајќи дека ова е одговор на рускиот претседател Владимир Путин на повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до Русија да ги поштеди животите на украинските војници во областа Курск.

Песков изјави за Тас дека понудата на рускиот претседател до украинските војници во регионот Курск да го положат оружјето сè уште постои, но тоа време истекува.

Тој истакна дека нивното време се намалува како „ шагренска кожа “, осврнувајќи се на романот на францускиот писател Оноре де Балзак „Шагренска кожа“ во кој животот на главниот лик се скратува со секоја исполнета желба.

Пронајдете не на следниве мрежи: