Владата и советниците во Советот на Градот Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обидуваат да предизвикаат хаос во јавниот сообраќај во Скопје, истакна денеска на прес-конференција директорот на ЈСП, Крсте Петревски.
– Веќе 30 години политиката во Република Македонија е фактор на уназадување, не фактор на прогрес. Така е и во последните две години. Имено, поради теснопартиските и лични интереси, втора година граѓаните на Град Скопје се жртви на неколкумина кои иако имаат обврска да го унапредуваат работењето на градот, со сите сили се обидуваат да предизвикаат хаос.
- Братот на принцезата Дајана никогаш не бил поостар: „Тоа е канцерогено влијание врз Хари и Меган“
- Германија го забрзува издавањето дозволи за изградба на станови
- Почина уште еден пациент заразен со западнонилска треска
- Шокантна судска одлука во Германија: Фејсбук и Инстаграм мора да платат за лажни реклами
- Пред смртта, синот на Синди Крафорд објави видео од лечењето
- Трамп вели дека САД ќе имаат „трајна контрола“ врз безбедноста на Гренланд: Дали е тоа навистина случај?
- ИЛОВИЦА ИМА НАЈГОЛЕМ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА ГРИНФИЛД РУДАРСКИ ПРОЕКТ: Кои се пречките за развој на критичните материјали во Македонија?
- Полска ја проширува мрежата сирени поради руските напади во близина на границата
- Го изневерувала сопругот со својот полубрат, а потоа следел кошмар: Неговата закана може да уништи сè
Втора година по ред, советниците во Советот на Град Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ја блокираат одлуката за набавка на нови автобуси за ЈСП, со што би се обновил возниот парк, а граѓаните би добиле подобра услуга.
Партиските интереси за овие луѓе се поважни од интересите на оние кои ги изгласале на оваа функција. Втора година по ред, советниците во Советот на Град Скопје, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ја блокираат одлуката за доделување на средства на ЈСП, кои му следуваат на претпријатието а се потребни за исплата на плати на вработените.
Личните и партиски интереси повторно се поважни од вработените, па смислено ја блокираат исплатата на плати за вработените во ЈСП, свесно обидувајќи се да предизвикаат криза во јавниот превоз.
Трета година по ред, Владата на Република Македонија на ЈСП не му исплаќа средства за бесплатниот студентски превоз, Владата на ЈСП му должи 360 милиони денари за услуга која произлегува од одлука на истата Влада, а ЈСП во целост ја извршува.
Цената на ваквата деструктивна одлука за жал повторно ја плаќаат граѓаните, вели директорот Петревски.
Пронајдете не на следниве мрежи:



