Печурки: совршен чистач на крвта

Биолошки се посебно вредни заради белковините, а особено поради аминокиселините кои ги содржат. Верувале или не свежите печурки содржат два проценти белковини, а сушените дури 22.Печурките, или како што ги нарекуваат нутриционистите “шумско месо“ покрај прекрасниот вкус имаат и висока биолошка вредност.
Квалитетни се речиси колку и животинското месо, содржат 91% вода и бројни минерали меѓу кои и калиум, калциум, фосфор, железо и магнезиум. Богати се и со растителни влакна, а ги содржат и витамините Б2, Д и Ц. 
Многу брзо растат по обилен дожд, за што постои и поговорка, но доколку не сте навистина сигурни дека добро ги распознавате, ви препорачуваме да се одлучите за оние од маркетите.
Покрај тоа што можат да бидат лесен и превкусен оброк тие се и одличен чистач на крвата. Научно е докажано дека со консумирање на  само 100 г печурки за 7 дена можете да го намалите холестеролот за 12 насто. Доколку пак јадете исто толку печурки во комбинација со 60 г путер на ден намалувањето ќе биде значително помало или 4 отсто за една седмица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.