сабота, 28 ноември 2026
Најново

Пикантни вафли од леблебија со сос од домати

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Потребни состојки:

2 лажици масло

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

1 голем кромид исечен на тенки прстени

4 чешниња лук (сецкан)

2 лажички мајчина душица (користете сушен зачин)

400 гр свежи домати (исецкајте го на ситни коцки)

1/4 лажичка сол

1/4 лажичка бибер

100 гр брашно од леблебија

180 мл млеко

50 гр рендано сирење (по можност чедар)

1 јајце ( жолчката и белката се користат одделно)

2 лажички оцет

1 лажичка сода бикарбона

Подготовка:

Накратко (околу 3 минути) издинстајте го кромидот и мајчината душичка во маслото. Додадете половина чаша вода и домат. Додадете сол и бибер, а потоа нека продолжи да врие. Кога ќе се згусне структура на сосот тргнете ја на страна.

Во друг сад, истурете го брашното, додадете млеко и лажица масло, сол и бибер. Додадете рендано сирење и жолчка од јајце, па добро измешајте. Додадете оцет и сода бикарбона, а потоа повторно промешајте. 

Изматете ја белката од јајцето со миксер за да добиете цврста пена. Потоа измешајте го со смесата од брашното (не мешајте силно). Добиената смеса ќе биде потенка како за палачинки и веќе вафлата е спремна за печење. Печете околу пет минути, додека бојата не стане златно кафеава. 

Ставете ги вафлите во чинија и врз нив истурете сос од домат и кромид. Ако сакате, можете да послужите пржени јајца со вафли. 

 Уживајте во здраво и вкусно јадење!

Поврзани вести