Пилешко во бел сос со печурки

Пилешки гради и печурки во кремаст сос. Звучи фантастично, нели?
Состојки:
– 500 мл хопла
– пилешко бело месо
– козјо сирење
– 500 гр печурки шампињони
– малку магдонос
– малку сув зачин од билки
– сол


Подготовка:
Месото прво треба да се исече на тенки парчиња, а потоа да се посипе со зачин и малку сол.
Месото пржете го на силен оган додека не добие златно жолта боја.
Додадете ја хоплата. По 10 минути, извадете го месото од шпоретот.
Исечете ги шампињоните, динстајте ги на умерена температура околу 10 минути, а потоа додадете го месото.
На крај изрендајте малку сирење и вратете го јадењето на шпоретот додека не се стопи сирењето.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.