Пилешко во кари сос со зеленчук

Потребни состојки:
300-400 г пилешко
Мешан зеленчук
2 лаж масло + 2 лаж брашно
1 лаж кари + 2 шолји млеко
Начин на подготовка:
Месото е подобро кога е маринирано, но секако може и обично. Пред да го пропржите, исечете го на мали коцки. Пропржете го тава со малку масло, па директно во истата тава направете го и сосот. Тргнете го месото малку на страна во тавата, додадете 2 лажици масло, 2 лажици брашно, 1 лажица кари во прав и постепено додавајте млеко(околу 2 шолји). Најпрво додадете сосем малку млеко за да го измешате брашното, па потоа додавајте постепено. Оставете го сосот да повари некоја минута. Може да го оставите и вака или додадете сварен мешан зеленчук по избор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.