Пилешко и компири во бешамел сос

Предлог што да подготвите за денешниот ручек.
Потребни состојки:
3 помали компири
1 праз
500 г пилешко месо
200 г шампињони
150 г кашкавал
Сол
Зачини по желба
50 г путер
30 г брашно
500 мл млеко
40 г пармезан
Начин на подготовка:
Сварете ги компирите. Издинстајте ги печурките. Откако ќе бидат готови, тргнете ги од оган. Додајте го празот, пропржете, посолете и додајте го пилешкото месо. Посолете и додајте зачини по вкус.
Вратете ги печурките. Направете бешамел сос. Во тава додајте путер, брашно, пропржете и додајте млеко и кашкавал. Прелијте го месото со бешамел сос, промешајте, ставете во тава за печење и нарендајте кашкавал.
Печете на 180 степени, 35 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.