Пинџур со тиквички

Состојки
1 тиквичка
1/2 кг зелени пиперки
3 лути пиперки
2 домати
3-4 лукчиња
неколку листови магдонос
сол, мешан сув зачин,бибер, по вкус
масло по потреба

Нема врткање околу шпорет, рерна, рингла. Зеленчукот го ставаме во апаратот за готвење со топол воздух, го превртуваме на половина печење, за да ни е испечен од сите страни подеднакво и си правиме пинџур. Се преродив летово со апаратов…Не чекам додека да ми се загрее рерната, не му стојам на зеленчуков додека се пече на рингла…А бре мерак да ти е само пинџур да јадеш! Инаку нели се Петровденските пости во тек, значи не знам колку пати направив пинџурче!
Подготовка
1. Пиперките и доматите ги печеме во апаратот за готвење со топол воздух.
2. Тиквичката ја миеме и ја сечкаме на кругови, Исто така ја печеме во апаратот.
3. Лукчињата ги сечкаме на многу ситни коцкички и магдоносот го сечкаме.
4. Испечените пиперки ги лупиме им ги отстрануваме семките и ги сечкаме на мали парченца. Исто и доматите, печени, излупени и исечкани.
5. Печените тиквички ги блендираме.
6. Сите состојки ги ставаме во тава, вклучувајќи го и лукот, зачинуваме и смесата ја упржуваме на масло. Кон крајот на пржењето го додаваме магдоносот.
Забелешка
Ако сакате можете да го загреете маслото и само да го прелиете сечканиот зеленчук со врелото масло, насекаде. И така го подготвувам и превкусно е!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.