недела, 29 ноември 2026
Најново

Пиперки полнети со мелено месо

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Состојки
500 гр црвени пиперки
400 гр мешано мелено месо (50 свинско, 50 телешко)
2 главици кромид
5 јајца
по потреба брашно

Кромидот ситно исечете го или изблендирајте го со блендер.
Во меленото месо додајте кромид, посолете, додајте сув зеленчук, ситно сечен магдонос. Промешајте.
Пиперките измијте ги и пресечете ги на пола, извадете семки.
Пиперките наполнете ги со мелено месо.
Јајцата изматете ги.
Полнетите пиперки валкајте ги во брашно и во јајце, ставете да се пржат во загреана тава, пржете прво од страна каде што има мелено месо, после превртете ги на друга страна.
Добар апетит!

Поврзани вести