Пита од шпагети

500 г шпагети
500 г мелено месо
3 јајца
150 мл доматен сос
1 главица кромид
70 грама урда
50 г рендан Пармезан
2 лажици сечкан магдонос
100 г рендан кашкавал
масло, сол и мелен црн пипер
Изматете ги јајцата, посолете, наросете црн пипер и измешајте ги со доматниот сос.
Исечкајте го ситно кромидот и пропржете го на масло, па додадете го на јајцата и доматниот сос. Потоа додадете ги урдата и Пармезанот, и промешајте.
На малку масло запржете го меленото месо и додадете го во подготвената смеса. Потоа додадете ги  магдоносот и сварените и исцедени шпагети, и повторно промешајте.
Нанесете во намрсена тава, наросете рендан кашкавал и печете 20-на минути на 180 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.