Пита со спанаќ и сирење: Лесно се прави, а вкусот е загарантиран

Денеска ви претставуваме рецепт за пита со спанаќ и сирење која може да ви послужи како одлична идеја за појадок или вечера.
Потребни состојки:
– 500 гр. кори за пита
За фил:
– 300 гр. спанаќ
– 1 јајце
– сол
– 380 гр. сирење или урда
За премачкување:
– 2 јајца
– сол- 200 мл. јогурт
– 100 мл. масло за јадење
– 3 лажици гриз
– 1 лажичка прашок за пециво
– 100 мл. кисела вода
Начин на припрема:
Исчистете го, измијте го и исечкајте го спанаќот. Посолете го и помешајте го со иситнетото сирење и јајцето.
Во друг сад, ставете ги јајцата, солта, јогуртот, маслото за јадење, гризот, прашокот за пециво и киселата вода.
Поделете ги корите за пита така што ќе добиете 4 ролати. Секоја од корите премачкајте ја со филот од гриз (околу 5 лажици), ставете ги една врз друга, а на последната ставете го филот од спанаќ по крајот и завиткајте во ролат.
Премачкајте ги ролатите со остатоците од филот. Исечете ги на парчиња со дебелина од околу 2 центиметри и оставете кратко корите да ја впијат течноста.
Печете во загреана рерна на 190 Целзиусови степени околу 30 минути.
Печената пита покријте ја и оставете да се излади. Највкусна е кога се јаде топла, но одлична е и утредента.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.