Пита со урда, сланина и палента

Состојки
500 гр кори
200 гр чадена сланина
200 гр урда или сирење
5 јајца
5 лажици палента
200 мл масло
500 мл јогурт
1/4 лажичка сол
12 гр пециво
сусам по потреба и желба

 

Лисната пита со вкусен фил, ја снема за час….Сите ја бендисаа, се надевам и на вас ќе ви се допадне…
Подготовка
1. Сланината ја сечкаме на ситни коцки и ја запржуваме. Оставаме да се лади, па ја соединуваме со урдата. Филот ќе го ставаме во питата во три дела.
2. Јајцата, маслото, палентата, јогуртот, солта и пецивото ги соединуваме со рачна маталка.
3. Корите ги сечеме онолку колку што ќе ни биде големо тавчето, може и малку поголеми, па кога ќе ги ставаме може малку и да ги згужваме. Остатокот ги растресуваме и ги ставаме во филот со јајца.
4. Корите ги броиме и ги делиме на 4 дела. Секоја кора ја премачкуваме со 3-4 лажици од смесата со јајца. Гледаме насекаде подеднакво да распоредиме од смесата и да ни стаса за сите кори.
5. На секоја четвртина кори ставаме од филот. Најгорната кора ја премачкуваме со смесата од јајца и наросуваме сусам.
6. Се пече на 200 степени 20ина минути


Забелешка
Користев пециво од 12 гр, такво беше пакувањето, ама мислам и 10 гр пециво дека ќе заврши работа. Можете во филот од питата да ставите сирење, јас имав урда и со неа филував. Кога се печеше ја покрив со хартија за печење, за да не ми загори. Бидејќи јас сакав повисока да ми биде ја редев во помало тавче.
Од филот со јајца имате доволно, така убаво премачкувајте ги сите кори.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.