Плескавици од компир полнети со шунка и кашкавал

Ако обожавате компири, а исто така сте гурмани и сакате да пробате нов рецепт, сигурно ќе ви се допадне овој начин на подготовка на компири.
Идеална варијанта за ручек или вечера, не е потребно многу време за подготовка, а вкусот е фантастичен.
Состојки:
700 гр компир
100 гр кашкавал
сол, магдонос и бибер
За полнење:
100 гр кашкавал
100 гр шунка
За панирање(поховање):
2 јајца
презла


Подготовка:
Ставете го исчистениот и исечен компир на коцки, да се вари, додадете една лажичка сол во водата. Кога ќе биде готово, добро изгмечете го, додадете ситно исечен магдонос и рендан кашкавал, и добро измешајте.
Исечете ги листовите од кашкавалот, како и шунката, во четвртини.
Изматете ги јајцата за панирање и подгответе ја презлата во друга чинија, а потоа направете помали плескавици од смесата со компири, и на секоја ставете лист кашкавал и шунка. Потоа покријте ја шунката со друга формирана плескавица и обликувајте ја смесата во елипса.
Повторете го овој процес се додека смесата не се потроши, а потоа спуштете ги плескавиците во изматените јајца, па превртете ги во презлата. Пржете ги на загреано масло и јадете додека се топли.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.