Плескавици од тиквички од рерна: Здрав и вкусен ручек

Доколку сте љубител на тиквички, испробајте го овој нов рецепт
Состојки:
1 помала тиквичка
1 поголем морков
1 поголема пиперка
4 чешниња лук
1 врзоп лист од магдонос
2 јајца
2 лажици презла
2 лажици брашно
сол
масло


Приготвување:
Излупете ја и изрендајте ја тиквичката. Морковот изрендајте го на ситниот дел од рендето. Пиперката исечкајте ја ситни коцки. Сето тоа посолете го, измешајте го и оставете го 10 минути. Добро исцедете го. Во исцедениот дел додајте здробен лук, јајца, брашно, презла и лист од магдонос. Сето тоа измешајте го. Во плех ставете хартија за печење и премачкајте ја со масло. Направете плескавици и наредете ги во плехот. Печете на 190 степени околу 40 минути да заруменат убаво. На половина од печењето, премачкајте ги тиквичките со масло и вратете ги во рерна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.