Подварок со суви сливи

Состојки:
– 1 кисела зелка
– 1 голема главица црвен кромид
– 1 грст суви сливи без семка
– 2 грста ореви
– 1 лажица мелен црвен пипер
– масло
– сол по вкус
Подготовка:
Ставете масло во подлабока тава, па додадете го исечениот црвен кромид и пропржете го на средно силен оган.
Потоа додадете ја исечканата кисела зелка, ситно исечканите сливи, крупно исечканите ореви и вода и оставете да врие 30 минути. Посолете по вкус.
Потоа префрлете сè во сад за печење, додајте уште малку масло и мелен црвен пипер и ставете во загреана рерна на 220 степени Целзиусови уште 30 минути, да се потпече убаво.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.