Полицијата пронајде пет мигранти во “Алфа Ромео 155“

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Е.Е.(41) од Скопје заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “криумчарење мигранти“.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
На 14.03.2019 во 20:30 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, во близина на клучка Миравци, при контрола на патничко возило “Алфа Ромео 155“, полициски службеници пронашле пет мигранти -еден од Авганистан и четворица од Пакистан.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.