Полицијата, која ја води истрагата, објави видео од Алиша од 17 јануари минатата година, откако нејзината баба го пријавила нејзиното исчезнување три дена претходно.
Објавена е последната снимка од девојка (24) од Велика Британија која исчезна пред повеќе од една година, додека полицијата стравува дека е убиена.
Полицијата која ја води истрагата објави снимка од Алиша Апостолов-Бојарин од 17 јануари минатата година, откако три дена претходно нејзината баба го пријавила нејзиното исчезнување.
На видеото се гледа како Алиша носи зелена корпа во супермаркет до непознат маж со капа и маска на лицето. Биле видени како ги разгледуваат производите на полиците пред заедно да ја напуштат продавницата, пренесува Independent.
На видеото се гледа и како Алиша седи на совозачкото седиште на Пасатот, додека човекот го полни возилото со гориво.
Додека потрагата по Алиша трае 14 месеци, полицијата во понеделникот го повтори апелот.
-И мала информација може да ни го даде она што треба да го знаеме за да ја лоцираме Алиша – велат од полицијата.
Алиша последен пат била видена како се вози во истиот автомобил на 22 јануари. Полицијата ја класифицирала како ,,ранлива” кога исчезнала бидејќи е зависна од алкохол.
– Беше во супермаркет и ја искористи својата картичка тој ден. Тоа е нејзината последна позната трансакција. Веруваме дека златниот Пасат е возилото со кое таа патувала. Го лоциравме возилото и тоа е многу важно за нашата истрага. Тоа беше на 17 јануари – изјави детективот Ендрју Нејсмит.
Тој додаде дека нејзиното семејство е очајно и бара одговори за случајот, кој од случај на исчезнато лице прерасна во истрага за убиство.
– Една од трагедиите е што бабата на Алиша, со која беа најблиски во семејството, почина без да знае што се случило со нејзината внука – рекол детективот.
Полицијата стравува дека Алиша можеби е убиена. Таа ги повика сите со какви било информации да се обратат во полиција.
Пронајдете не на следниве мрежи: