Полнети ќофтиња

500 г мелено месо
1 главица рендан кромид
3 јајца
150 г брашно
150 г лебни трошки
5 жолчки од варени јајца
5 лажици мајонез
150 г рендан кашкавал
1 лажица сув зачин
масло, сол и мелен црн пипер по вкус


Од меленото месо, кромидот, 1 јајце и зачини замесете смеса. Формирајте ќофтиња и испржете ги.
Измешајте фил од варените жолчки, ренданиот кашкавал, мајонезот и зачини. Помеѓу две ќофтиња ставајте од филот и залепете ги.

Свалкајте ги ќофтињата во брашно, 2 изматени јајца и лебни трошки, и повторно испржете ги.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.