Поминаа две години од разводот, а тој брзо најде 34 години помлада девојка 

Се чини дека познатиот актер Шон Пен (64) е над својата поранешна сопруга…Пен деновиве престојува во Мадрид, а папараците го снимија во друштво на младата актерка Валерија Ников.Парот уживаше во сосема обична прошетка, а фотографите на странските медиуми ги фотографираа додека разменуваа страсни бакнежи. Пен за оваа пригода облече лежерна облека – црна јакна и темни панталони, додека неговата сакана избра елегантен црн костум.Актерскиот пар не се огласи за овие пишувања во медиумите, но очигледно е дека хемијата меѓу нив е, и тоа колку, силна.Sean Penn, 64, shares passionate kiss with Moldovan actress Valeria Nicov, 30, in Spain – two years after divorce from Leila George https://t.co/lf63oXmlho— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) September 8, 2024Да потсетиме , Шон официјално се разведе од поранешната сопруга Лејла Џорџ во 2022 година . Претходно, Пен зборуваше за нивниот развод, а призна дека тој е главниот виновник за колапсот на нивната љубов.Тоа беше трет брак на актерот. За прв пат се ожени со пејачката Мадона, а во брак беа од 1985 до 1989 година. Од 1996 до 2010 година беше во брак со актерката Робин Рајт, со која има две деца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.