Поради зголемениот број на пациенти и Клиниката за Траумотилогија стана ковид центар – во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 67 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 67 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 463 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центратот на ТОАРИЛУЦ, на Клиниката за Трауматологија.
Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 35 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 18 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 2 нови пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 41 оздравен пациент.
Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ се лекуваат 221 пациент.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 74 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 129 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 35 пациенти. На ГАК има 4 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Вкупно 463 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.