Поранешниот полски претседател Лех Валенса предложи распуштање на Европската унија и нејзино повторно создавање, но без Полска и Унгарија.

Ако Европската комисија се согласи со полскиот национален план за закрепнување по пандемијата на корона вирусот, тоа ќе биде нејзин пораз. Наместо компромиси со Полска, Европската унија треба да се распушти и за една минута да се создаде нова заедница базирана на Германија и Франција, но без Полска и Унгарија – вели Валенса, основач и долгогодишен лидер на синдикатот „Солидарност“ во интервју за Интериа.

Лех Валенса, поранешен претседател на Полска

Поранешниот полски претседател Лех Валенса предложи распуштање на Европската унија и нејзино повторно создавање, но без Полска и Унгарија.

Но, тие повторно не ме слушаат, а ова е едноставна идеја: ако сакавме да влеземе во нов сојуз, тогаш на влезот, покрај правата, ќе требаше да се договориме и за обврски. И да ги поставиме за да не се повторат лудориите што се случуваат денес – додаде поранешниот полски претседател.

Европската комисија во средата одобри план за закрепнување на полската економија погодена од коронавирус во вкупна вредност од повеќе од 35 милијарди евра – 23,9 милијарди евра грантови и 11,5 милијарди евра заеми од Фондот за закрепнување и отпорност на ЕУ. Полскиот план беше одобрен со задоцнување и покрај постојаните приговори на ЕУ кон Варшава во однос на почитувањето на владеењето на правото. Според медиумите, на позитивната одлука на ЕК влијаел ставот на Полска во однос на ситуацијата околу Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.