Посна баклава со ф’стаци, идеална за претстојните слави

Време е да ја направите највкусната посна баклава со ф’стаци…
Состојки:
300 грама кори за баклава
200 грама посен маргарин
350 грама исчистени, мелени ф’стаци
За шербет:
300 грама шеќер
700 милилитри вода
10 грама сок од лимон
неколку капки етерично масло од портокал


Подготовка:
Во намастана тепсија ставете две кори и премачкајте ги со растопениот посен маргарин. Врз втората кора ставете дел од измелените ф’стаци, покријте ги со две кори и премачкајте со путер. Така редете од филот и корите додека не ги потрошите сите состојки. Секако внимавајте, треба да завршите со кора, а потоа премачкајте ја и последната со маргарин и исечете на коцки.
Печете во загреана рерна на 170 степени, 35 минути, а потоа зголемете ја температурата на 210 степени и печете уште 10 минути.
Шеќерот растопете го во водата, додајдете го сокот од лимон и варете со постојано мешање, додека не добиете густ сируп. На крајот додадете и неколку капки етерично масло од портокал. Тргнете го шербетот од оган и оставете го да се олади.
Испечената баклава прелијте ја со шербетот и оставете ја до следниот ден да ја впие течноста. За декорација наросете ја мелени ф’стаци.
Бидејќи овде ф’стаците се една од најважните состојки, многу е важно да се свежи, вкусни и квалитетни. Тоа ви го овозможува брендот „Нутини“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.