Посна пита со маслинки

Состојки
Состојки
500 гр готови кори за пита
300 гр сечени маслинки
1 лажичка сув квасец
300 мл кисела вода
7 лажици брашно
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
150 мл зејтин
За поросување сончоглед и сусам

Еве еден предлог за оброк за сите кои постат во овој период. Лесно се приготвува, а питата е превкусна.
1. Во миксер матиме кисела вода, квасец, шеќер и брашно. Се остава да надојде квасецот (да почнат да се создаваат меури), па се додава сол и зејтин и сè заедно се меша. Ова е смеса за премачкување на корите.
2. Земаме една кора и ја премачкуваме со 2-3 лажици од смесата. На едниот крај ставаме сечени маслинки и замотуваме во ролна. Така се прави со сите кори.
3. Корите ги редиме во подмачкан плех. Остатокот од смесата ја мачкаме со четка врз наредените кори. Поросуваме со сончоглед и сусам.
4. Се пече во загреана рерна 25 минути на 180 степени. Се остава питата да одмори 15 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.