Посна чорба од зелка и домати

750 г зелка
500 г пелати (конзервирани домати)
1 излупено цвекло
1 главица кромид
сок од 1 лимон
2 коцки за супа
2 гранчиња целер
1 лажица шеќер
1 лажица сув зачин
1 лажиче ким
сол и мелен црн пипер
Во сад изрендајте ги цвеклото и кромидот. Зелката и гранчињата целер ситно исечкајте ги, а доматите изгмечете ги со виљушка и додадете ги во садот.
Во тенџере со вода на оган додадете ги коцките, сувиот зачин и кимот. Откако супата ќе зоврие додадете го зеленчукот.
Посолете, додадете црн пипер и варете 40-тина минути. Потоа додадете ги шеќерот и сокот од лимон и варете уште 5 минути.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.