Посни бомбици

Св. Петка или попозната како Петковден помина и беше мрсна слава. Но, следуваат посните и овие бомбици одлично ќе ви се најдат. Освен тоа од половина од смесата можете да подготвите и салама и да ја исечете на парчиња, па ќе имате два вида колачи одеднаш. За вкусот и не сакаме да коментираме, пробајте и кажете сами.
400 г шеќер
100 мл вода
500 г исечени бадеми
500 г суво грозје
500 г исечени суви урми
500 г исечени суви смокви
4 излупени и на парчиња исечени цитрони
250 г кокосово брашно
Сварете шербет од шеќерот и водата. Додадете ги бадемите, промешајте и тргнете од оган.
Подизладената смеса ставете ја во длабок сад. Додадете ги сувото грозје, и смоквите, урмите и цитроните. Измесете ја смесата со рака, формирајте бомбици и свалкајте ги во кокосово брашно.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.