Посни палачинки – рецепт без млеко и јајца

Кога ќе дојде време за постење, понекогаш тешко е да се одбегне вкусната мрсна храна. Но во оваа група не мора да спаѓаат и палачинките! Доколку мислевте дека не може да направите палачинки без јајца и млеко, сте се излажале. Овој рецепт ќе ви го докаже тоа.
Потребни состојки:
8 лажици масло
1 литар топла вода
1,5 лажичка сода бикарбона
1,5 лажичка прашок за печиво
1,5 лажица шеќер
500 грама брашно
малку сол


Начин на подготовка:
Додајте вода и масло во претходно измешаните суви состојки. Загревајте ја изматената смеса во тавче (по можност тефлонско) кое со секоја нова доза тесто треба да се подмачка со многу малку масло.
Ако палачинките испаднат тврди по пржењето, ви предлагаме да ги оставите поклопени петнаесетина минути за да омекнат, а потоа да ги премачкате со џем, мед или посен крем од лешници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.