Потпечени тортелини во сос со растопен кашкавал

Имате само 20 минути за во кујната, а чувствувате потреба да вкусите свежи тестенини со многу сос и кашкавал кој се топи во устата? Ова е вистинскиот рецепт за вас. Потребни ви се само неколку едноставни состојки, се подготвува лесно и брзо, а нема да остане речиси ништо за репете.
Подгответе свежи, потпечени тортелини на следниот начин:
Потребни состојки:
4 шолји свежи тортелини
1+1/2 шолја доматен сос
1+1/2 шолја рендана моцарела (или кашкавал по избор)
2-3 лажици рендан пармезан
Свеж магдонос


Начин на подготовка:
1. Сварете ги тортелините според упатството (вообичаено им се потребни околу 6 минути варење во просек, во солена, зовриена вода).
2. Откако ќе се сварат префрлете ги во подлабок зад за печење. Истурете го доматниот сос, додадете рендана моцарела или кашкавал по избор (или пак комбинација од двете).
3. На крајот додадете го свежо изренданиот пармезан и печете во загреана рерна на 180 степени околу 8-10 минути.
4. Декорирајте со свежо исечкан магдонос и послужете го топло.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.