Потпечени тортелини со шампињони

500 г тортелини со сирење
300 г рендан кашкавал
500 г листови свежи шампињони
300 мл хопла
300 мл млеко
70 г брашно
1 лажица исечен магдонос
масло, сол и мелен црн пипер
Сварете ги тортелините во посолена вода и исцедете ги.
На загреано масло испржете ги шампињоните. Посолете и додадете црн пипер. Потоа додадете ги хоплата, млекото, брашното и магдоносот. Промешајте го сосот и тргнете од оган.
Во тава за печење ставете половина од тортелините. Нанесете го сосот и половина од кашкавалот. Додадете ги преостанатите тортелини, нанесете кашкавал и испечете.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.