Потпечени ќофтиња на зеленчук

500 г мелено месо
200 г парчиња свежи шампињони
150 г ориз
2 рендани моркови
1 исечкан страк праз
1 исечена главица кромид
500 мл млеко
50 г маргарин
2 лажици брашно
200 мл кечап
40 г рендан пармезан
1 јајце
3 исечени чешниња лук
2 лажици лебни трошки
2 лажици сув зачин
масло, сол и мелен црн пипер
Испржете ги празот и морковите, и додадете ги шампињоните. Посолете, наросете црн пипер и додадете 1 лажица сув зачин. Потоа додадете ги оризот и 400 мл вода, и издинстајте.
Од меленото месо, кромидот, лукот, лебните трошки, јајцето, сол, црн пипер и 1 лажица сув зачин замесете смеса. Формирајте помали ќофтиња и испржете ги.
Во тава за печење ставете го издинстаниот зеленчук, наредете ги ќофтињата и нанесете го кечапот.
На маргаринот испржете го брашното и додадете го млекото. Откако Бешамел сосот ќе се згусне прелијте ги ќофтињата и наросете со  пармезан. Печете 40 минути на 200 степени.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.