Потпечено бело пилешко месо со печурки

Одлична комбинација – пилешко бело месо, печурки и бешамел сос.
Пилешкото месо е еден од најдобрите извори на протеини и е лесно за готвење.
Во 100 грама бело пилешко месо без коски има: 165 калории, 31 грам протеини, 4 грама масти (од кои 1 незаситени), 74 мг натриум.
Само 100 грама пилешко месо дневно ги задоволува дневните потреби за железо, а ќе внесете и значителна количина витамин Б и цинк.
Исхраната со пилешко месо го намалува ризикот од прекумерна дебелина, како и од кардиоваскуларни болести и дијабетес.


Состојки:
– 500 гр пилешко бело месо
– 400 гр свежи печурки
– 200 грама кашкавал
– сол, бибер
За бешамел сос:
– 30 гр путер
– 1 лажица брашно
– 300 мл млеко
– 100 гр павлака
Подготовка:Исечете го белото месо на потенки шницли, а потоа лесно исчукајте го со чекан за месо и додадете малку сол. Потоа испржете ја секоја шницла во малку масло, колку да добиете боја.
Додадете сол во шампињоните, па пржете ги во маслото на кое се пржеше месото.
Бешамел сосот ќе го направите така што ќе го запржите брашното во растопениот путер, а потоа додадете го млекото и постојано мешајте за да не се направат грутки. По желба може да додадете лук во прав. Кога ќе почне да врие, тргнете го од садот од оган и додадете ја павлаката.
Намачкајте го огноотпорниот сад со путер и посибете лебни трошки, а потоа наредете ред бело месо, па ред печурки, па прелијте го со бешамел сосот бешамел. Продолжете додека не се потрошат сите состојки.
На крај, изрендајте кашкавал и ставете го во рерна да се пече 20 минути на 180°C.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.