Потпечено пилешко месо со млади тиквички

Состојки:
пар пилешки гради
1 млада тиквичка
2 јајца
100 г кисела павлака
50 мл млеко
масло
сол
лук во прав
парчиња кашкавал
кашкавал за декорација

Исечете го месото на потенки филети, посолете го и исчукајте го. Излупете ја тиквичката, исечете ја тенки кругови, па посолете ја и оставете ја да отстои 15 минути. Препржете го месото во тавче да порумени на малку масло.
Подмачкајте помал плех со масло. Исечете ги листовите кашкавал на 4 дела и месото на помали парчиња. Во премачканиот плех редете во должина кашкавал, тиквички, па месо и така додека имате материјал.
Во чинија изматете јајца, додајте павлака и млеко и добро измешајте. Прелејте ги месото и тиквичките и печете околу 50 минути на 210 степени. При крај, посипете со рендан кашкавал и вратете го во рерна да зарумени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.