Министерството за здравство (МЗ) информира дека неделава почнува вакцинацијата против сезонски грип. Во државата се пристигнати вкупно 60.000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација.
- 6 намирници богати со мелатонин кои можат да го подобрат сонот
- Јарецот изгледа смирен, но крие неверојатно силен карактер
- Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на УС Опен
- Точката на телото што предизвикува луди оргазми: Одлична и за импотенција
- Пет раси на мачки кои силно се поврзуваат со своите сопственици и тешко ја поднесуваат осаменоста
- Холандија се откажува од Евровизија
- Само 11 бебиња во историјата се родени на Антарктикот: Причината зошто мајките отишле таму е многу невообичаена
- Албанец ѝ дал на сопругата 1.000 евра „за да ги има“, па отишол да ја убие љубовницата? Детали за ужасниот злостор во Грција
- Неделен хороскоп за Шкорпија: Недела на страст, тајни и трансформација
Граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку веб-страницата vakcinacija.mk, во следните денови преку СМС-порака ќе добијат известување за точниот датум, час и место за вакцинирање.
Со бесплатната вакцинација ќе бидат опфатени следните ризични групи:
– Стари лица (над 65 години)
– Лица со хронични заболувања
– Здравствени работници
– Бремени жени
– Децата на возраст од шест месеци до пет години
– Лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица.
Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи, велат од МЗ.
Пронајдете не на следниве мрежи:



