Грејната сезона во Скопје започнува денеска и ќе трае до 15 април идната година, а цената за потрошената топлинска енергија засега останува иста. Нова одлука за цената ќе се носи откако ќе биде поставен цевководот на мостот Беласица.
Како што информира Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ), согласно правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија грејната сезона во Скопје започнува на 15 октомври 2023 година и завршува на 15 април 2024 година, со можност да се продолжи уште 15 дена во зависност од надворешните температури.
- Ниското ниво на Дунав во Бугарија откри делови од древниот мост на римскиот император Константин I
- На Груби ќе му се укине куќниот притвор, ако нема обвинение
- Додека светот се плашеше од војна и пожар, тие заработуваа 700.000 долари секоја минута
- Бидете дел од олимписката приказна: Отворени апликации за волонтери за Игрите во Лос Анџелес 2028
- Вљубени како на првиот ден: Имаат четири ќерки, а таа сè уште изгледа како бомба ФОТО
- НАСА откри можни траги од древен живот на Марс, но научниците бараат дополнителни докази
- Ахмети: Поддршката на САД останува суштинска за зачувување на Охридскиот рамковен договор
- Мицкоски: Македонија има поголема куповна моќ од повеќе земји членки на ЕУ
- Утре сончево и многу топло време, попладне локален пороен дожд и грмежи
- Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии
-Сведоци сме дека деновите во овој период од годината се потопли, а и прогнозираните температури што ги добиваме од хидрометеоролошката управа го покажуваат истото. Сепак, грејната сезона започнува на 15 октомври и снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 6:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 степени Целзиусови. Цената на топлинската енергија останува иста. Нова одлука ќе биде донесена откако цевководот на мостот Беласица ќе биде поставен, со што ќе се овозможат услови за детален пресек на трошоците, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Нагласи дека испораката на топлинска енергија ќе се одвива согласно мрежните правила за дистрибуција на топлинската енергија.
РКЕ апелира до сите потрошувачи на регулираниот пазар, односно до институциите и домаќинствата да продолжат со рационално трошење на енергијата исто како во изминатата грејна сезона.
Пронајдете не на следниве мрежи:



