ПОЧНУВА ЛИ? Хеликоптер на руски граничари го нарушил естонскиот воздушен простор

Естонија, членка на НАТО, денеска објави дека хеликоптер на руски граничари викендов го нарушил нејзиниот воздушен простор и дека поради тој инцидент бил поканет руски амбасадор и врачил нота.

Хеликоптер на руски граничари го нарушил естонскиот воздушен простор

Естонската армија соопшти дека во саботата вечерта руски хеликоптер МИ-8 без дозвола влегол во воздушниот простор во југоисточна Естонија во областа Коидула, недалеку од рускиот град Псков.

Хеликоптерот бил во естонскиот воздушен простор речиси две минути, соопшти естонската армија, додавајќи дека леталото немало план за летање, дека неговиот транспондер бил исклучен и дека не одржувал контакт со естонските служби за воздухопловна навигација.

Наводниот упад е второ нарушување на естонскиот воздушен простор оваа година. Минатата година руски авиони, воени и цивилни, пет пати го нарушиле воздушниот простор на Естонија, соопшти војската.

Амбасадорот на Русија во Данска беше повикан во петокот во данското Министерство за заеднички работи, кога руски воен брод ги наруши територијалните води на земјата во близина на островот Борнхолм во Балтичкото Море.

Инцидентот се случи во време кога голем број дански пратеници беа на островот на годишниот собир на политичари и лобисти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.