ПО ДЕН И ПОЛ МОЛК МИЦКОВСКИ СЕ ЈАВИ, АМА НЕ КАЖА НИТУ ЗБОР ЗА НАСТАНИТЕ ВО ТЕТОВО И СКОПЈЕ

По ден и пол молк, се јави Христијан Мицкоски ама не кажа ниту збор за настаните во Тетово и Скопје. 

Нема ништо од Мицкоски ниту за државната химната, ниту за државното знаме, ниту за провокациите, нема ниту осуда. 

Со ова Мицкоски се стави во одбрана на своите коалициски партнери кои беа организатори на настаните во Тетово и Скопје.

Касами стана градоначалник со поддршката и гласовите на ДПМНЕ, а нивната заедничка соработка продолжува и во Советот, во Собранието но и за други теми.

ДПМНЕ е коалиција во Тетово токму со Касами. Заедно со Мицкоски се здружија да прават ново парламентарно мнозинство и нова влада, кое не им успеа.

Наместо да молчи, Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори на прашањата за настаните во Тетово и Скопје.

СООПШТЕНИЕ – СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.