По повеќе од 20 години во ЗОО – Скопје се родија три лавчиња

Денеска на 20-ти март Денот на среќата, на задоволство на сите граѓани,
информираме за убави вести. По повеќе од 20 години во скопската Зоолошката
градина се родија три лавчиња.

„Ова е една од најубавите работи кои се случиле во Зоолошката градина во Скопје,
лавчињата се одлично згрижени, а вработените во Зоолошката градина
професионалност и внимание се грижат за мајката и малите да се безбедни и да ги
имаат сите услови во внатрешното живеалиште каде што се постојано
набљудувани, истакна градоначалничката Арсовска.
„Лавчињата се стари само неколку дена, а посетителите ќе имаат можност да ги
видат кога ќе бидат доволно возрасни да можат самостојно да се движат низ
надворешното живеалиште“, истакна директорот на Зоолошката градина – Скопје,
Кристијан Стаменов.
Градот Скопје ги известува сите љубители на животни и посетители на ЗОО –
Скопје, дека во идниот период ќе имаат прилика да учествуваат во давањето
имиња на трите лавчиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.