Превкусни ружички со блитва и сирење

500 г кори за пита
500 г сирење
4 врзопа блитва
4 јајца
3 лажички гриз
1 прашок за печиво
масло
100 г сусам
Блитвата измијте ја и исечкајте ја. Сирењето изгмечете го со виљушка, додадете 3 јајца, гризот и прашокот за печиво, и измешајте го филот.
Првата кора попрскајте ја со масло и на средината ставете 1 лажица фил. Соберете ги краевите, завртете ги и свиткајте ги надолу. Ако ви останал фил ставете го во средината на секоја ружичка и наросете сусам. Наредете ги ружичките во намрсена тава, премачкајте со преостанатата изматена жолчка и печете 30 минути на 200 степени.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.