Превкусни ќофтиња од компири

1 кг компири
200 г сирење
2 главици кромид
4 јајца
150 г брашно
1/2 лажичка црвен пипер
1/2 лажичка сув копар
масло, сол и мелен црн пипер
Излупените компири исечкајте ги на парчиња и сварете ги. Исцедете ги и ставете ги во длабок сад. Посолете и наросете црн пипер. Додадете ги сирењето, изренданиот кромид, црвениот пипер, копарот и 1 јајце. Измешајте ја смесата, притоа гмечејќи ги компирите со виљушка.
Од добиената смеса формирајте ќофтиња со форма по желба. Свалкајте ги во брашно и во преостанатите изматени јајца и пржете ги на загреано масло додека поруменат.
Ќофтињата може да ги послужите со доматен сос, топено сирење или свежа салата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.