Пржени папалини(гирици)

Состојки
500 гр папалини
100 гр пченкарно брашно
150 гр обично брашно
500 гр масло за пржење
1 лажица зачин за риби

За најдобро чистење на гириците, ви го претставувам овој начин.
1. Ставете ги рипчињата во голем сад со вода. Фатете го рипчето од кај главата па повлечете на кај стомакот, на долниот дел. Ќе излезе комплетно се што не е потребно за пржење. Исплакнете и редете на кујнска хартија. Така чистени папалините промешајте ги со сол а потоа во пченкарно брашно.
Зачинете со зачин за рипчиња. Оставете да постојат.
2. Додека го загревате маслото, истурете обично брашно на една хартија, па рипче по рипче премачкајте ги. Пуштајте во врело масло. Нека се превртат по неколку пати и вадете на хартија да се упие маслото. Кога ќе завршите со сите рипчиња, посолете повторно, ако не ви се доволно соленки.
Нека ова биде една идеа за вашиот петочен ручек .Допржете некое компирче и свежа салата.
На здравје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.