Приведена директорката на Комуналец, резултатите од анализите сеуште непознати за јавноста

Приведена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани. Телевизија Алсат објави видео како Асани со лисици на рацете се спроведува во полициска станица.
       Покрај Асани приведени се и раководителот на Одделението за водовод Вадедин Дервиши и техничкиот директор Леон Нуредини.
Медиумите јавуваат дека во тек е полициска акција која се спроведува во координација со Обвинителството.
Од Обвинителството со одговор дека постапката се уште е во фаза на предистрага која е тајна.
– Јавното обвинителство и натаму презема истражни дејствија за прибирање докази. Сите прибрани докази до овој момент, како и доказите кои допрва се очекува да бидат доставени се анализираат за да се утврди состојбата од која ќе произлезе правна квалификација на евентуално сторено кривично дело и идентификација на сторителите.

Постапката се уште е во фаза на предистрага која е тајна. Веднаш по утврдување на сите околности и донесување на соодветна јавнообвинителска одлука јавноста ќе биде запознаена, се вели во одговорот од Обвинителството.
Денеска на барање на новинарите да се објават јавно резултатите, министерот за здравство Сашо Клековски рече дека доколку одобри Обвинителството, ќе ги објават резултатите од анализите што ги направи ИЈЗ.
И додека институциите си ја префрлаат топката, граѓаните и понатаму остануваат во дилема – ОД ШТО СЕ ЗАРАЗИЈА ГОСТИВАРЦИ?

The post Приведена директорката на Комуналец, резултатите од анализите сеуште непознати за јавноста appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: