Седум лица се приведени во рамки на акцијата на Финансиската полиција, кои се гонат за злосторничко здружување, даночно затајување, измама и перење пари, дознава Телма. Вкупно во рамки на истрагата се осомничени 13 луѓе и 10 фирми.
Тие продавале нафта во кеш, а потоа парите ги пријавувале како дневен промет во фирмите преку фиктивини фактури и притоа барале и поврат на ДДВ. Направената штета се проценува на околу 7 милиони евра.
Акцијата била спроведена на 8 локации во Липково, Куманово, Желино и Никуштак во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.



