Принцес крофни

Потребни состојки:
За тесто
100 гр путер
150 гр брашно
¼ л вода
4 јајца
Малку сол
10 гр путер
Шеќер во прав
За фил:
600 мл млеко
8 лажици шеќер
1 лажица путер
4 жолтки
4 лажици брашно


Начин на подготовка:
Ставете путер, вода и сол во тенџере и оставете да зовријат. Тргнете од оган и веднаш додајте брашно па промешајте. Додавајте едно по едно јајце и мешајте постојано. Наполнете шприц за тесто и на премачкана тава со путер редете го тестото.
Печете околу 20 минути на 220 степени и не ја отворајте рерната.
Во тенџере ставете половина литар млеко, 4 лажици шеќер и путер и оставете да зоврие. Изматете 4 жолтки со 4 лажици шеќер, 4 лажици брашно и 100 мл ладно млеко. Направете пудинг и оставете го филот да се излади. Крофните пресечете ги на половина, наполнете ги со фил и наросете ги со шеќер во прав.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.